Во еден сад ги соединуваме брашното, путерот, шеќерот, јајцето, лешниците,солта, просеаното квалитетно какао и ванилата.
Со рака замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Го завиткуваме во фолија и го оставаме во фрижидер околу 30 минути да одстои.
Потоа сучиме кора, со дебелина одприлика од 5 мм.
Со алатка вадиме форми, цветчиња.
Ги редиме во плех.
Печиме од 10-12 минути.
Оставаме да се изладат.
Ги декорираме со растопено чоколадо и бели ситни трошки.
Во состојките по сопствен вкус додаваме ванила, цимет, анис,......

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани