Оваа торта ја гледав кај Рудолф на 24 кујна и ме маѓепса од прва. Мерките и состојките си ги прилагодив според мој вкус меѓутоа основниот рецепт беше сличен.
Пробајте и нема да згрешите.
1. Се мешаат инстант кафето и румот и во него се натопуваат пишкотите.
2. Пишкотите се редат во конусен сад со дијаметар на долниот дел од 20 см.(садот претходно треба да биде обложен со најлонска фолија)
3. За филот се мати слатката павлака според упатството (доколку сакате можете да додадете и шеќер), се додаваат сецканите лешници, сецканото кандирано овошје, ренданото чоколадо и се' убаво се меша.
4. Претходно се прави пирето од малини. 100 гр малини се варат на тивок оган неколку минути, додека испари водата и се пасираат.
5. Кремот од слатка павлака се дели на два дела и во едниот се додава пире од малини.
Редење
Врз наредените пишкоти ставаме половина од филот(белиот дел) и во средината правиме дупка. Во дупката го додаваме розевиот фил со малина.
Преклопуваме со пишкоти.
Вака подготвена тортата ја ставаме во фрижидер околу три часа.
Изладената торта ја полеваме со стопена чоколада и ја украсуваме со зрна калинка.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови