Прво готовиот леб го сечиме на половина.
Во еден сад ги соединуваме омекнатиот путер и босилекот.
Двете парчиња леб ги премачкуваме рамномерно.
Врз едното парче леб јас вака наредив.
Врз путерот премачкав со Сицилијанско песто од фстаци, ставив само малку чајна, за шмек, ставив рендана гауда и пармезан.
На другото парче леб врз путерот ставив исцедена од течноста и исецкана брикета спанаќ, гауда, капари, пармезан.
Ги ставив парчињат леб во ненамастена ростер тава и ги печев 10 минути на 200 с, а потоа уште 5 минути со вклучен горен греач.
Дополнив со поховани тиквички, бело сирење......малку зеленчук и секако заливме со Розе вино.
Прекрасен спој на вкусови, надворешно крцкаво лепче, а во средината меко и ароматично.
Уживајтееееее!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани