Вкусно јадење, брзо и едноставно за подготовка.

1. Шпагетите се варат на стандарден начин според упатството на кесичката.

Сос
2. На малку маслиново масло се запржуваат шампињоните, се додава сецканата пршута и ситно сецканото лукче. Се запржува додека состојките не омекнат.
3. Доматите ги рендаме и ги додаваме кај печурките. Оставаме се заедно да се динста околу десетина минути. Зачинуваме со сол и мелен црн бибер.
4. Пред крај во сосот додаваме рендан пармезан и убаво мешаме.
5. Сервираме и згора ставаме ливчиња пармезан.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови