Овие мафини се за оние што постат, а и внимаваат на исхраната за фит форма. Многу се лесни и брзи за правење.

Во сад се ставаат водата, зејтинот, солта и пецивото. Потоа постепено лажица по лажица додаваме од брашното, овесните трици, палентата и лененото семе. Се тоа убаво се меша, да се добие убава хомогена смеса.
Треба да добиеме смеса нешто погуста од онаа за тостерки (како за мафини).
Смесата ја оставаме да отстои додека ги подмачкаме калапите со маргарин. Ги пополниме калапите за мафини со по одприлика 2 лажици од сместа за секоја модла. Ги посипуваме со семиња од Натура по желба.
Се печат 15-20 минути на 200 степени. Пред да ги извадиме од рерна, проверуваме со чепкалка дали се доволно печени. Доколку се лепи по чаепкалката треба печењето да се продолжи уште некоја минута.
Откако ќе се испечат се оставаат да се изладат и потоа се служат.

Овие проички се погодни и за замрзнување, откако ќе се размрзнат го имаат истот вкус како кога се тазе печени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови