Како прво јајцата ги матиме со 1 лажичка сол со миксер. Кон ова го додаваме ренданото сирење, ајварот, јогуртот,киселата вода и зејтинот. Мешаме со лажица.
Во посебен сад ги мешаме интегралното брашно, мелениот лен и пецивото.Ова го додаваме кон јајцата и кратко матиме со миксер.
Модлите за мафини ги редиме на решетката од рерната и во секоја модла ставаме од смесата.Одозгора врз мафините наросуваме сусам.Решетката со модлите наполнети со смеса ја ставаме во загреана рерна на 180-200 степени и печеме околу половина час.
Чашата со која мериме е од 250 милилитри.
Од оваа смеса излегуваат 24 мафини.
Ако сте за здрав појадок или вечера ,ова е правиот избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови