Прекрасни интегрални лепињи, со различни видови семиња, кои се превкусни.

Се замесува тесто и се остава да одмори 15 мин. Потоа со влажни раце, се двојат 6-7 топчиња и се обликуваат во топчиња. Повторно се влажни тестото и во длабок сад се става сочоглед, се става лепињата и со нежно притискање се налепува семето. Одозгора повторно се навлажнува и притиска нежно. Истото и со другите семиња. Најтешко се лепи тиквата. Се редат во тава за печење и се наросуваат со малце сол. Одозгора по едно мало парченце путер и се печат на 200 степени 25-30 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови