Превкусни варени ѓевречиња, ги направив чисто да разбијам монотонија од интегралните лебови, особено после последните 2 неуспешни лебови кои ми останаа недопечени внатре. Не сум на хроно исхрана, но користам доста рецепти особено од делот на печивата. Јас ѓевреците ги варев стандард како што се прават варени ѓевреци, во медова вода, а ако сте на хроно, заменете го медот со сода бикарбона.

Подготовка
1. Измешајте ги брашната, додадете го прашокот за печиво и мелените семиња.
2. Потоа додадете го растопениот путер, киселото млеко и постепено додавајте кисела вода. Мешајте со лажица.
3. Префрлете го тестото на набрашнета површина и измесете го убаво, по потреба додадете уште кисела вода. Треба да добиете нелепливо тесто кое нема да има мекост како тестото од бело брашно.
4. Поделете го на 8 дела. Од секој дел развлечете долгнавеста форма и потоа спојте ги во кружна форма.
5. Сварете ја водата со медот (содата) и во водата додека врие, се потопуваат ѓевречињата и се оставаат околу половина минута.
6. Се вадат со лажица со дупки и се валкаат во сусам или други семиња. Јас ги валкав во сончоглед и чиа семе.
7. Се редат во тава обложена со хартија за печење и се печат на 200 степени половина час.

Следниот ден мислев дека ќе бидат камен тврди, напротив, преубави се, каснав 2 за доручек и дури и повкусни се од претходниот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови