Во сад измешајте ги трите вида брашно.
Додадете го сварениот испасиран сладок компир, изронетиот квасец, маслото, солта и шеќерот.
Со постепено додавање на водата замесете тесто.
Покријте и оставете да стасува 1 час.

Стасаното тесто префрлете го во намрснат плех.

Измешајте ги состојките за преливот и нанесете го врз тестото.
Покријте и оставете да стасува уште 1 час.

Доматите исечете ги на кругови и нанесете ги врз стасаната фокача.
Ставете ги и чешнињата лук исечени на тенки кругови.
Посипете со оригано.

Печете на 200 степени, 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани