Во малку топла вода растворете го квасецот и ставете го во садот каде ќе го месите лебот. Додајте ги сите останати состојки освен водата. Водата постепено додавајте ја и замесите изедначено меко тесто.
Убаво измесеното тесто покриено оставете го на топло да кисне 1 час. Потоа размесете го во долгунеста форма и ставете го во калап намачкан со масло и посипан со брашно (30х11).
Оставете го повторно да скисне 40 мин и ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени 45 мин и уште 15 мин во исклучена рерна.
Кога е печен извадете го и покријте го со фолија и крпа да омекне и олади.
Забелешка
Во тестото може да се додаде и 1 лажица семки од тиква, јас немав во моментот и не ставив.
При крајот на печењето ставете хартија за печење за премногу да не потемни лепчето.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани