Многу вкусен, неверојатно брз хроно леб. Брзо се прави, брзо се пече и брзо се јаде, а излегува доста. А постапката е дури и повеќе од едноставна.
1. Се мешаат сите суви состојки.
2. Потоа се додаваат течните.
3. Се меша добро со дрвена лажица. Внимавајте да не остане брашно најдолу во садот, убаво треба да се измеша. Додајте доволно вода, бидејќи ржаното доста прима течност.
4. На крај треба да се добие влажна и леплива, но не течна смеса.
5. Смесата се префрла во намрсена (или обложена со пек хартија) тава за печење бр. 28, се наплескува убаво со влажни раце, се сече на осминки со навлажнет нож, се посипува со семиња по желба и се пече во загреана рерна на 200 степени 20 – 25 степени. Печен ќе биде кога убаво ќе порумени и ќе се оддели од тавата за печење.
6. Се остава да се излади завиткан во крпа 2-3 часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови