Ова е еден класичен рецепт за пикантен наут во кари сос или Индиски Чана Масала. Кога се подготвува истово јадење со пилешко, се вика Тикка масала.

1. Кромидот се сецка на ситно, исто и лукот и се запржуваат на масло, додека да омекнат.
2. Потоа се додаваат сите зачини, освен мешан зачин, црвен пипер и црн бибер. Мешајте постојано, за да не ви се залепат зачините за тавата. Се додава 100 мл вода и се остава да се зготви кромидот и зачините да пуштат убав вкус и мирис. Оставете водата да испари и да дојдете до фазата карамелизиран кромид.
3. Предходно сварениот наут или попрактично наут од конзерва, се додава во тавата и се пропржува на кратко.
4. Пелати доматите се сецкаат на ситно и заедно со нивниот сос, се додаваат кон наутот.
5. Се зачинува со мешан зачин, црвен пипер и црн бибер. Сето тоа убаво се меша, се остава на среден оган да се крчка околу 15тина мин.
6. Кога ќе добиете погуст сос, се трга од оган и се зачинува со сецкан коријандер и магдонос, се промешува убаво и се остава да се излади и згусне, околу 15-20 мин.

Се послужува со вкусниот индиски наан леб со коријандер.

Сигурно повторно имињава ќе ви збучат чудно, но бидејќи не успевам да се справам со латиницава на сајтов, ги преведувам на македонски и ги пишувам на кирилица.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови