Стар рецепт за одличен шербет-колач кој е невозможно да се утне! Зошто измислена баклава? Не знам сигурно, но мое мислење е затоа што ставаш се што имаш дома и на крај го преливаш со шербет... па добиваш нешто мнооогу вкусничко!
1. Јајцата изматете ги со шеќерот.
2. Јаболката излупете ги и изрендајте ги и додајте ги во смесата.
3. Додајте ги и сецканите ореви и гризот и на крај пецивото.
4. Измешајте ги убаво, со лажица и истурете ја смесата во набрашнето тавче за печење бр. 28.
5. Печете 15 минути на 180 степени во згреана рерна.
6. Во меѓувреме, измешајте ги шеќерот и водата за шербет, ставете ги во длабок сад на оган. Промешајте и оставете да зоврие. Нека врие 5 минути.
7. Кога е печен, колачот треба да има добиено кафеава боја и да се дели од тавчето.
8. Оставете нека се излади малку, па исечете на коцки.
9. Прелијте со врелиот шербет, оставете да се излади и уживајте!
Добар апетит!

***
Количината на шеќер може да се намали или зголеми, во зависност од вашите вкусови!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови