Оваа идеjа ја гледав одамна, ја правев и минатото лето, па реков не е лошо да ја поставам и овде.
Јас си имам навика да пијам вода со лимон наутро, па некогаш се случува и да немам лимон, ама затоа овие коцки ми се секогаш достапни.
Решив да поставам и свеж ѓумбир и нане и направив вистински витамински бомби.
Едноставно, измијте го убаво овошјето и наредете го во калапот за коцки мраз.
Дополнете со вода и ставете да се замрзне.
Замрзнатите коцки извадете ги од калапот и собирајте ги во еден друг сад каде ќе ги чувате.
Јас направив многу и од разно овошје.
На здравје на сите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови