Кајсиите со фстаци ми се омилена комбинација, што заради боите, што заради вкусот. Сакав едноставен и брз колач, со старински лик и вкус и го направив.
Презадоволна сум, иако користев поголем калап, но немам некој голем избор на такви работи овде. Колачот ширеше прекрасна арома низ цело маало.

1. Подгответе ги кајсиите на коцки, излупете ги фстаците.

2. Намачкајте го калупот за печење со маснотија, вклучете ја рерната на 180 степени.

3. Омекнете го путерот во рерната, кратко.

4. Изматете ги добро јајцата со шеќерот, додадете ги ванилата, путерот, брашното и квасецот, па промешајте го сето тоа.

5. Додадете ги кајсиите и писташите, може во брашно да ги напепелкате за да не паднат на дното.

6. Печете околу 40 минути, пазете на бојата и содржината.

7. Кога е готово, извадете го од калупот и посипете го со шеќер во прав.

Се послужува на старински начин, зашто така и изгледа.
Но, можете да го комбинирате за појадок, со млеко или кафе...
Исто така, одличен е за деца, колаче за сите и во секое време.
Уживајте во вкусот!

*Малите колачиња ги правев без путер и квасец, иако одлично изгледаат, сепак многу подобар е вкусот со путерот и квасецот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови