Во длабок сад каде што ќе месиме го ставаме брашното.
Правиме длабнатинка, ги додаваме солта, шеќерот, квасецот-само изронат, без активирање, маслото, киселината и со додавање на топла вода замесуваме средно меко тесто.
Убаво го изработуваме и го оставаме да одмори малку, 5-10 мин..
Потоа го делиме на два дела, еден поголем и од него правиме 10 топчиња, а другиот помал и од него правиме 8 топчиња.
Секое топче го макаме во малку нишесте и отвораме кружна кора со големина на мало плитко тањирче.
Го премачкуваме со маргарин.
Така ги редиме сите 10 топчиња, од кои ќе ја правиме долната кора на зелникот.
Последното не го премачкуваме со маргарин.
На ист начин го изработуваме и другиот дел со 8 топчиња.
Ги ставаме во длабоко замрзнување 20-30 мин.
Потоа ги вадиме од фрижидер, од секое купче топчиња отвораме кора.Значи имаме 2 кори.
Ги премачкуваме со маргарин и диплиме до мало правоаголниче.
Повторно одат во длабоко замрзнување 20-30 мин..
После тоа време од секое правоаголниче отвораме по една голема кора.
Од поголемиот дел-долна, а од помалиот-горна.
Долната кора ја ставаме во голем плех, намрсен со маргарин.
Врз неа филот, па горната кора, која при нанесувањето на насобираме.
Одозгора премачкуваме со по малку маргарин.

Додека тестото одмораше во фрижидер го припремавме филот.
На плитка мрснотија го пржиме кромидот-ситно сецкан, додаваме малку сол, па ги додаваме ситно сецканите црни домати.
Убаво пржиме се` и зачинуваме со мешан сув зеленчук и мелен црн пипер.
Топло ви го препорачувам овој вкусен зелник.
*Брашното го мерев со пластична мералка.
*Нишесте се користи значи за макање на топчињата и многу малку кога ја расукуваме кората за во тепсија.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани