Се замесува тестото од наведените состојки и се остава да одмори малку, 10-15 мин..
Се дели на два дела-едниот малку поголем, за долна кора, а другиот помал, за горна кора.
Се вадат по 10 топчиња од секој дел.
Се расукуваат со по малку брашно и се премачкуваат со маргарин. Се редат едно врз друго, последното не се премачкува. Добиваме на две места по десет топчиња. Одозгора се премачкуваат со малку масленце.
Се ставаат во длабокото замрзнување, околу 30 мин..

За тоа време се приготвува филот.
Празот ситно се сецка, се пржи со сол на малку масло.
Се трга од оган, малку да подолади и се додава сирењето-дробено и киселата павлака. Се' убаво се соединува.

Се вади тестото од фрижидер и се отвораат корите.
Се ставаат во намрсен плех со димензии 32 на 39 цм..
Се става долната кора-фил-горната кора. Се премачкува со малку маргарин. Ставив и сусам.

Се пече во загреана рерна на 220, штом добие боја се намалува на 200 степени. Вкупно време на печење 30-35 мин., или према вашата рерна.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани