Од сите наведени состојки за тесто, сем маргаринот, замесуваме средно меко тесто.
Го делиме на два дела, едниот малку поголем од кој ќе направиме долна кора.
Секој дел го отвораме колку што можиме во поголема и потенка правоагола кора и го премачкуваме со една половина од маргаринот. На подлогата каде работиме, користиме сосема малку нишесте. Ја премачкуваме кората целосно, ја предиплуваме на пола и потоа диплиме и мачкаме додека добиеме мало правоаголниче.

Истото го правиме и со другиот дел.

Ги премачкуваме со малку масленце и ги ставаме во длабокото замрзнување да отстојат 30 мин..

За тоа време го подготвуваме филот.
Претходно варената тиква ја мешаме со наведените состојки за фил.
Додека ја нанесиме на кората, таа ќе пушти течност. Но, тоа не е од млекото што го додадовме, туку така си пушта. При нанесувањето на кората се става само пирето, течноста не. Може да се додадат 2-3 лажици презла или мелени бисквити. Јас не додавам ми менува на вкус, а млеко обавезно бидејќи добива некој шмек. Млеко малку, секогаш ставам одоко, колку да се разреди пирето.

Ги отвораме правоаголничињата во кори.
Најпрво поголемото и се става во намрсен плех.
Па се нанесува филот.
И кората од помалото правоаголниче, при што однеа правиме набори.
Се прави витка.Се премачкува по цела површина со по малку маргарин, кој го оставам од истиот со кој ги премачкував корите.

Се пече во загреана рерна на 220 степени додека убаво порумени.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани