Брза, вкусна и лесна пита со готови кори.

1. Исецканиот спанаќ се зоврива и се цеди во цедалка за да биде сосема сув.
2. Спанаќот и изренданото сирење се мешаат заедно со јајцата и испечениот сусам. Доколку сирењете не многу солено се додаваме сол по вкус.
3. Во претходно намачкано тавче бр.32 се редат по 2 кори и се ставаат од филот, на крај се затваарат само со преостанатите кори, се полеваат со чаша топла вода и се мачкаат со масло, после се буцкаат со чепкалка.
4. Питата се пече на 200степени околу 40 минути, потоа се покрива со крпа да постои така.

Наместо сирење по желба може да се користи урда.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани