Состојките за тестото и подгототовката се исти од моето Основно тесто за погача, а разликата е само во количината на свежиот квасец кој е 1/2 односно 20 грама.

1. Најпрвин се подготвува филот. Кромидот се сечка ситно и се запржува со измиениот ориз, додека да застакли оризот. Се додава мешан сув зачин, црн пипер, се пржи кратко, се додава топлата вода, врие на тивко додека да се свари оризот и да испари водата.
2. Тестото се замесува од наведените состојки и се остава малку да скисни.
Потоа се размесува малку, се дели на 2 дела, еден помал и еден поголем. Поголемото тесто се рассукува и се става во намастена тава бр.36, а од страните се остава тесто за витката. Се распоредува сварениот ориз, се наросува со малку сув босилек или со сув магдонос, тоа е по вкус.
3. Помалото тесто се рассукува и се става врз филот, се прави витката и одозгора се премачкува со масло. Не кисни, туку веднаш се става во загреана рерна на 200 степени, се пече 20-25 минути.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани