1. Се сечкаат кромидот и празот, се става масло, сол и 1 филџан вода. Се запржува додека да испари водата и да зарумени зеленчукот. Ова динстање на кромидот и празот ќе ја намали појавата на киселини во желудникот. На крај се става црвениот пипер, се пржи малку и филот се трга настрана.
2. Од сите состојки за тесто се замесува средно меко тесто со постепено додавање на брашното. Се дели на 2 дела, помал и поголем.
3. Се зема помалиот дел, се рассукува во кора, се премачкува со 1/2 од маргаринот, се преклопува како плик и се остава во фрижидер половина час. Истата постапка е и со поголемиот дел од тестото.
4. Потоа се зема првин поголемото тесто, се рассукува во кора со големина на плехот од шпоретот, се остава од страните тесто за витката, се распоредува филот.
5. Помалиот дел од тестото се изработува на ист начин, се распоредува врз филот со набирање, и на крај се прават витките на зелникот.
6. Рерната се пушта на 200 степени, зелникот се премачкува со масло од горната страна и без дополнително киснење, веднаш штом се загрее рерната се става да се пече 20-тина или повеќе минути до поруменување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани