Ова е мојот омилен зелник со кромид, а тестото е меко, ровко и без маргарин.

1. Најпрвин се подготвува филот. Се сечка кромидот, се посолува, се става масло и малку вода, се пржи додека застакли, пред крај се става малку шарена сол и црвен пипер, се пржи уште 2-3 минути. Се трга на страна да излади.
2. Во пластичен сад се меша сувиот квасец со шеќерот и брашното, се додава млаката вода и се остава да се активира.
3. Во длабок сад се просејува брашното, се става солта, шеќерот, маслото и активираниот квасец, се замесува меко тесто кое се остава да одмори 10 минути.
4. Одмореното тесто се измесува уште малку и се дели на 2 дела, едниот помал и вториот поголем. Се зема поголемиот дел и со сукало се рассукува во округла кора која се става во намастена тава бр. 36, а кората се сука малку поголема за да има тесто за витката. Се распоредува филот од кромид.
Сега се рассукува помалиот дел кој се распоредува врз кромидот, се прави витката, се премачкува цел зелник со масло, и одозгора се боцка со вилушка.
5. Се пушта рерната на 200 степени, а за тоа време зелникот кисне. Се пече 20 минути, после се намалува на 180 степени и се пече уште 10 минути.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани