Во тенџере се става исечканиот кромид, малку масло, замрзнатата боранија, замрзнатиот грашок, малку сол и се почнува да се пржи зеленчукот.
Се пржи додека да испари течноста која ќе се ослободи, а потоа се става црн пипер, сув зачин и црвениот пипер. Се пржи малку на тивко и се додава доматата.
Потоа се додава една чаша млака вода, се остава да крчка.
Во тава се редат компирите исечени на кругови како за мусака,
се става претходно подготвениот зеленчук врз компирите,
и пак одозгора се реди уште еден ред компири.
Се дотура млака вода до компирите и се става во загреана рерна на 200 до 220 степени, зависно од рерната. Се пече околу еден час да се потпече и порумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани