- Црвената зелка и кромидот исецкајте ги, листовите од миксот на зелена салата искинете ги, а доколку се од видот на бејби салатите нека останат цели.
- Доматот и јајцето исечете во форма каква сакате.
- Измешајте во друг сад маслото, оцетот, солта и биберот...
- Во тањир ставете листови од зелената салата, врз нив исеченте зелка и кромид, додадете го доматот. Полијте со дел од дресингот, наредете го исеченото јајце, внимателно полијте со осатокот дресингот.
Доколку сакате поголема салата за повеќелица зголемете ги состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани