1. Зелената салата убаво се мие, водата се цеди и на крај се сечи на средно големи парчиња и се распоредува на чинијата/ чиниите.
2. Модриот патлиџан се сечи на тенки ленти, но не претенки. Секоја лента се премачкува со четче со маслиново масло и се става на грил тава или на скара надвор да се потпечи, потребни се 2 до 3 минути од двете страни колку да добие убава боја, па се отстрануваат од тавата односно од скарата и се насолуваат со сол и црн бибер. Јас овојпат ги ставив лентите во рерна на хартија за печење на 200 степени од прилика 16 мин , во кои 1 ги отпревртив и пак супер испаднаа.
Лентите од модар патлиџан ги ставаме измеѓу зелената мешана салата.
3. Додека се печи модриот патлиџан ги земаме парчињата тост леб ги сечиме на коцки и ги пропржуваме на тава со путер и малце лук за вкус.
4. Доматот го сечеме на коцки, а доколку се одлучите на чери домати, тогаш само ги преполуваме и се додаваат одозгора.
5. 1 туна конзерва е доволна за 2 чинии значи туна конзервата се разделува во двете чинии и многу малку се додава од маслото на самата туна врз салатата.
6. Одозгора се додаваат пченката од конзерва и маслинките.
7. На салатата и се додава лимонов сок од пресно цеден лимон и сол и црн бибер по вкус.
На здравје!!!

Доколку ја сакате посна заменете го путерот со маслиново масло!
.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови