За љубителите на зелена боранија и јагнешко месо.
Месото исечкајте го на парчиња и ставете да се вари во посолена вода, во која додаваме лук и кромид.
Во меѓувреме исчистете ја боранијата, морковите, патлиџанот и пиперката.
Ставете се во еден сад каде ќе ја готвите боранијата.
Запржете по ред кромидот, па остатокот од зеленчукот.
Кога месото е готово, додадете го и тоа во садот кај боранијата. Зачинете, па додадете мелен црн пипер.
Во водата каде се вареше месото ставете го мешаниот зачин за супа, добро испасирајте ги лукот и кромидот кои се вареа заедно со месото.
Така подготвената течност, вратете ја во садот кај боранијата. Нека повари уште малку. Кој ја сака со повеќе чорба, нека не ја остава да крчка долго да не испари водата.
Нека ви е на здравје.
Забелешка
Кој обожува повеќе зачини, може да си стави по свој избор. Јас додадов ловор лист.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови