Афион
- Најпрвo пригответе го афионот така што ќе зовриете вода и попарете го афионот. Мешајте го да падне целиот на дното од садот во кој сте го ставиле.. Нека постои поклопено малку, потоа прецедете и ставете на газа да се добро исцеди.
Пире од тиква
- Испечете ја тиквата. Може да биде и варена, но на пареа поставувајки ја на сип сад и да не е во додир со вода, оставете да олади и за тоа време да се вишокот од водата исцеди. Значи потребна е сува тиква. За 500 гр. пире јас испеков тиква од околу 700-800 гр.
- Во сад изблендирајте ја тиквата, одмерете 500 гр. ставајки ја во друг сад. Додадете шеќерот на вкус кое нешто зависи од самата тиква, солта, зачинките, јајцата, изблендирајте, додадете скробното брашно и повторно изблендирајте да нема грутчиња. Оставете настрана.
Проверете - густината на двете смеси мора да е барем приближно иста. Ако една од смесата е погуста - додадете малку павлака за да ја разредите, а ако е поретка - додадете најмногу до 1 лажица скробно брашно.
Рикота
- Изблендирајте ја урдата во која ќе додадете јајцата и шеќерот, додадете го афионот, додадете и скробното брашно и изблендирајте да нема грутчиња.
Во модла бр24 до 26 бр. ставете хартија за печење, ѕидовите намрснете ги и почнете прво да ставате лажица од смесата со рикотата, врз неа лажица од тиквеното пире и се така додека се потрошат двете смеси. Значи се реди наизменично исто како зебра колачот.
Ставете да се пече на 200 степени околу 30 мин. а потоа намалив на 180 степени да се допече - завнисно од самата рерна.
- Додека се пече пригответе ја заливката така што во одделеното пире од тиква ќе додадете шеќерот на вкус, павлаката, јајцето, со блендерот изблендирајте и кога е пред самиот крај печењето извадете и залијте го колачот, вратете во рерната да се допече. Лесно ќе препознаете кога е печено - на допир е мазна површина и не мека.
Знаете дека ја сакам тиквата во секое издание, па нека е и вака приготвена како запеканка - ми се допага оваа комбинација на вкусови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани