Ова е еден брз рецепт за вкусен пудинг од урми, кој за време на хроно ужинка ќе ви даде доволно сласт, за да не помислите на друго благо. Истото важи и за време на започнатите Божиќни пости, во кои и те како ви треба некое вкусно здраво благо.

1. Урмите, не мора предходно да стојат во вода, се ставаат во сецко / нутрибулет и се прелеваат со сок од мандарина или може и од портокал.
2. Потоа се става какаото и зачините по вкус. На крај прелеваме со 1 лажичка малтекс.
3. Сето ова убаво се блендира, додека да добиете една убава густа каша.

Одлично е во комбинација со јаткасти плодови, за совршена хроно ужинка или пак намачкано на вкусно топло лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови