Ова беше еден многу успешен експеримент од мојата кујна. Комбинацијата на состојки одлична, а вкусот на колачов повеќе од очекуваното.
Топло ви го препорачувам колачов и слободно дуплирајте ги состојките, нема да се покаете.
Прво ги мелеме бисквитите и ги ставаме во сад. Ги додаваме овесните снегулки, брусницата и сувото грозје.
Додаваме шеќер, ванила шеќер ,печиво и се убаво промешуваме со лажица.
На крај додаваме две кафени шољи цеден сок од портокал.
Калапчето во кое печев јас само го посипав со кафеав шеќер и внатре ја ставив смесата.
Колачот се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час, но најдобро е да проверите со чепкалка.
Димензиите на калапчето во кое печев со 10 на 25 цм.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови