Овие проички се навистина здрави, а воедно меки како душа и доста вкусни.

Најпрво се матат јајцата со миксер, потоа се додава јогуртот, солта, пецивото и зејтинот. Потоа се додава брашното постепено мешајќи со лажица. Се додава палента, овесни трици, меленото ленено семе. Убаво се избрка се`, да се добие убава хомогена смеса. Тестото треба да биде малку погусто од тоа за тостерки. Па затоа, ако смесата е премногу густа, може да додадете и малку повеќе кисела вода.
И на крај се додаваат сечканите црвени пиперки, сирењето насечкано на ситни коцки и насечкан магданос. Се` убаво се измеша и со тоа смесата за проја мафини е готова. Вака подготвената смеса ја оставив да отстои 15-20 минути.
За тоа време ги подмачкав калапите за мафини со маргарин.
Од смесата се става по 2 лажици во секоја модла и се посипуваат со микс од семиња од Натура. Мене од оваа смеса ми испаднаа 24 проја мафинки.
Се печат 20 минути во рерна на 200 степени.

Печените проја мафини ме изненадија што навистина беа меки и вкусни. Мекоста најверојатно иде од палентата и белото брашно. Но сепак во овие мафини преовладуваат интегралното брашно, овесните трици, лененото семе, кое е доста здраво за сите нас.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови