1. Прво се додаваат во еден сад млекото, јогуртот, маслото, медот и стасаниот квасец. Се мешаат состојките се додека медот не се растопи.
2. Во друг сад се ставаат двата типа на брашно и солта убаво се меша, а потоа се додава смесата со квасецот. Убаво се замесува и се остава да стаса 45мин.
3. Потоа повторно се размесува и се дели на 8-9 дела од кои се замесуваат убави тркалезни лепчиња, кои се оставаат да стасаат уште еден час.
4. Пред печење се премачкуваат со смеса од вода и сода.
5. Се печат на 180 степени 20мин.
Главната состојка е медот, благодарение на кој лепчињата ќе имаат преубав вкус но и преубав сладок мирис.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови