Една од омилените мои салати после шопската нормално хехехех. Стандардната мимоза се прави со салатка, ротквица, млад кромид и јајца. Јас ја подзбогатив со малце авокадо и рукола и уживав во новото богатство со чашка бела лозова ракија.

Подготовка

Напомена дека сите зеленчуци треба да бидат добро измиени и исчистени.

Прво се сецка на крупно салатката и се става во подлабока чинија за салати. Се додава исечканата рукола и исечканиот млад кромид. Измешајте. Одозгора се редат тенки парчиња ротквица, се додава исечкано авокадо и јајцата сечкани на кругови. Јас додадов и магдонос.

Зачинете со јаболкова киселина, масло и сол по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови