За да ги зачувате свежи зачинките и да ги имате во секое време, ви предлагам една убава идеја која ја најдов на интернет.
Ќе можете да ги имате свежо зачувани и кога не им е сезоната.
Одлична идеја за додаток во медитеранската кујна.
Можете да ги користите како зачинето масло, можете да го употребите и како додаток на зачинет путер.
Во сад за коцки ставете ги цепкани зачинките кои сакате да ги зачувате.
Можете да ставите магдонос, босилек, рузмарин, мента, нане, чубрика...
Дополнете со квалитетно маслиново масло.
Калапот за мраз ставете го во ладилник.
Нека постои неколку часа, извадете и соберете ги коцките во друг сад каде ќе ги чувате.
Овие коцки ги применив и на печени лепчиња на скара...ммммилина.
Уште додека се топли, поминете ги со коцкиве, нека се растопи маслото и зачинките врз лепчето, па посолете со домашно подготвена кцана сол.
Епа на здравје нека ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови