1. Сите состојки освен грозјето се ставаат во сад на оган, додека течноста да проврие и шеќерот да се стопи.
2. Потоа садот се трга од оган и во него се додаваат исчистените зрна грозје.
3. Се оставаат да се оладат на собна температура и потоа заедно со течноста се собираат во тегли.
4. Се чуваат во фрижидер, а потребно е да поминат 3-5 дена за да се конзумираат.
*грозјето подготвено на овој начин има убав, ароматичен пикантен вкус. Може да се служи како мезе во комбинација со повеќе видови сирење, како додаток кон печено месо, разни печива и сл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови