Нешто слично на овој компир пробав пред некој ден кај мојата комшика и се воодушевив. И нормално морав да си пробам и јас оти веќе ми е здосадено од класичните печени компири.
Подготовката трае малку подолго заради тоа што компирите треба да се засекуваат и да се пополнуваат во засеците, но дефинитивно вреди. Одберете компири со иста големина за да се испечат истовремено.

1. Се лупат компирите и се прават засеци, но не до крај. Оддалеченоста на засеците нека биде по ваша процена, моите беа отприлика 4 мм.
2. Во секој засек ставете по мало парче од сувомеснатото месо.
3. Наредете ги компирите во тавчето за печење, наросете зачини и на секој компир ставете по едно парче сало.
4. Додадете вода во тавчето и покријте го со алуминиумска фолија.
5. Печете на 250 степени со уклучен вентилатор ако имате. Во текот на печењето, 2 пати со лажица ги полевав со течноста од печењето.
6. По отприлика 1 час, отстранете ја фолијата и оставете да се запечат. Пред вадење, ставете кашкавал, ако можете во засеците или одозгора и вратете да се запечи кашкавалот уште неколку минути.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови