Убаво измијте го компирот со лушпа, ставете во алу-фолија и потпечете го. Кога ќе омекне извадете го, направете дијагонално засек, извадете го (како капаче) со лажица и издлабете ја внтрешноста.
- Со вилушка изгмечете ја средината која ја извадивте од компирот. На тавче најпрво ставете да се запржи шунката или сланината околу 2-3 мин, додадете го кромидот и нека се заедно пржи уште некоја минутка, потоа додадете го изгмечениот компир. Овкусете со сол и бибер по ваш вкус, наполнетете ги комирите, посипете со ренданиот кашкавал, вратете во рерната да се допечи.
Одличен прилог или пак и засебно - што да не.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани