Идеја за да се искористи лебот кој ни заостанал, но и да се дотрошат некои залихи.

- Во сад го матиме јајцето и јогуртот, а потоа и киселата павлака.
- Парчињата леб ги сечиме по должина, ги натопуваме во подготвената смеса и ги редиме во тава премачкана со маргарин (јас ја користев малата ростер тава која не лепи) или може да се стави хартија за печење ако се користи обична тава.
- Помеѓу празнините се ставаат парчињата чајна, се мати другото јајце и се премачкува одозгора.
- Врз ова ситно се ренда биено сирење, се наросува со сусам, се ставаат мали парченца маргарин и се пече на 200 степени околу 25 минути.
Се служи топло со додатоци по избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани