Тестенините ги вариме на стандарден начин во посолена вода.
Сос
Главицата кромид ситно ја сецкаме и пржиме додека кромидот стане проѕирен. Ги додаваме шампињоните кои исто така треба да се сецкани. Продолжуваме да пржиме додека не испари водата.
Кесичката со Болоњезе сос ја раствораме во млака вода и ја додаваме кај кромидот. Оставаме сосот да се згусти со мешање.
Во садот во кој ќе печеме ги ставаме тестенините, го додаваме сосот и убаво мешаме. Згора редиме парчиња моцарела и наросуваме со оригано.
Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.
Сервираме топло....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови