Одлични залачиња. Подготовката е следна
150гр брашно, 75гр путер, 2 лажици вода.
Сето тоа заедно се замесува, се завиткува во најлонска фолија и се остава пола час во фрижидер.
Потоа се вади од фрижидер, се зема по малку од тестото и се обложуваат намастените калапи.
Калапите се печат во загреана рерна на 180 степени 20 минути.
Додека се печат залчињата го подготвуваме филот.
Во 30 гр путер додаваме 30 гр брашно и правиме бешамел сос додавајќи 200мл млеко.
Мешајќи го додаваме дименото месо исецкано на коцкички.
Додаваме сол и црн пипер, а потоа и 50 гр сирење.
Промешуваме и оваа смеса ја распоредуваме во печените калапи.
Враќаме во рерна ја зголемуваме температурата на 200 степени и продолжуваме да печеме додека филот не се запече.

Забелешка
Ова можете да го подготвите и со лиснато тесто на подлогата.
Ги имам спремано и со кравја маст наместо путер. Одлични се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови