Компирите се лупат и се рендаат, а кромидот ситно се сечка. Малку се посолува и се става црн бибер. Јас ставив и оригано малку, а неместо црн бибер, енибар. Се убаво се меша.
Морковот исто така не беше по рецептот, ни јас изрендав еден.

Секоја кора се попрскува со малку масло, па се става од филот и се витка во ролна. Спрема рецептот филот требаше да е распрскан низ целата кора, но јас, ете така ми дојде и го ставив на почетоткот па виткав. Нема некој проблем, но сепак во следни прилики би претпочитала на другиот начин.

Корите се редат во намастена тава, која ако изберите со кружна форма можи да ги виткате и во лик на мазник.
Одозгора се попрскуваат со малку масло и се печат на 200С малку да поруменат.
Јас сусам многу сакам, па ја поросив и со него.

Во меѓувреме се приготвува преливот. Водата се зоврива и се додаваат маслото и солта и се меша убаво.
Се прелива врз потпечените кори секаде рамномерно и се допекува додека се впие преливот. Јас ја покрив со фолија пред крај и оставив да допечи дури и откако ја исклучив рерната по 20 минути.

Забелешка - никогаш не сум јадела компирова пита, па решив од старт да не експериментирам со додавања на други состојки во филот.
И кога сме кај темава, мислам дека една конзерва туна измешана во филот одлично би се вклопила за посна варијанта. Мислам дека следен пат би ја пробала така.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови