Уште еден хит кој распали по социјалните мрежи на кој и јас не можев да му одолеам и не згрешив, комплетно уживавме сите.

Најпрво се варат компирите, но се внимава да не се преварат.
Додека се варат компирите се спремаат ќофтињата.
Во меленото месо се додаваат сите состојки (освен бешамелот и кашкавалот), од кои кромидот се ренда и смесата убаво се меси до компактност и се остава во фрижидер.

Додека се ладат сварените компири, се оформуваат кофтињата.
Компирите се сечкаат на кругови и се редат на дното и страните на намастена тава (кај мене 28).
Над нив се редат кофтињата и помеѓу секое ќофте се става круг или полукруг компир. Јас компирите ги посолив.

Одозгора се преливаат со бешамел сосот и се ставаат во загреана рерна на 200С да се печат.
За 30на минути кога одозгора бешамелот веќе ќе почни да темнее на места, се вади тавата од рерна и се посипува со ренданиот кашкавал.
Се враќа уште 5-10 минути додека кашкавалот се растопи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови