Земаме два сада и ги делиме белките од жолчките.
Жолчките ги матиме во светло жолт крем со половина количина на шеќер.
Белките ги матиме во цврст шам со остатокот на шеќерот.
Во изматените жолчки ги додаваме маслото, јогуртот, ванилата, кората од лимон, просеаното брашни и пецивото.
Соединуваме.
Со исклучен миксер, со лесни движења на шпатула ги соединуваме жолчките со останатите состојки и белките.
Смесата ја истураме во долгнавест калап, во кој има ставено хартија за печење.
Ставаме вишни одозгора, но пожелно е да се извалкаат во малку брашно пред да се стават, јас заборавив и ми паднаа на дното.
Се пече околу 40 минути на 190 степени.
Во секој случај проверете со чепкалка дали колачот е готов.
Оставаме во калапот да одстои 5 минути, а потоа го вадиме на решетка потполно да се излади.
Сечеме на парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани