Оваа кремаста салата може да биде добар прилог кон печено месо или може да се послужи и како самостоен оброк, на сите оние кои внимаваат на витката линија.
Просото нема глутен и е базна житарица, поради што организмот може лесно да ја свари.
Просото е богато со магнезиум, железо, фосфор, калциум,цинк, витамин Е.
Подготовката е брза и едноставна.

Прво просото го ставаме во топла вода, во која сме додале малку сол да се вари.
Вариме од прилика околу 12-15 минути.
Проверуваме дали е сварено, ако не е по потреба ставаме уште малку вода.
Потоа го истураме во цедалка, го миеме и оставаме убаво да се просуши.
Сега во еден сад ги соединуваме ситно сецканата краставица, ленот, куркумата, хималајската сол, ( внимавајте, бидејќи има малку сол и во просото), биберот, крем сирењето, јогуртот, павлаката.
Го додаваме исцеденото просо и убаво ја соединуваме цела смеса.
Сервираме и ја чуваме во фрижидер околу 20 минути пред да ја послужиме.
На здравје оваа здрава, вкусна , лесна салата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани