Подготовка
Во сад ставете водата и шеќерот, измиените цветови, лимонот исечен на парчиња заедно со кората. Нека зоврие и нека вари околу 2-3 минутки, тргнете на страна, оставете да одстои 5-6 часа.
- По изминатото време истискајте го лимонот, одстранете ги цветовите, процедете низ цедалка. Со дел од добиената течност залијте го желатинот оставајки го да набубри, потоа над водена пареа ставете да се стопи, измешајте кај останатата течност- разбркајте - истурете ја во модли, можете во некој сад постелен со прозирната фолија, оставете да се до олади и истовремено добро да се желира.
Напомена
- Ако се во модли формирани овие симпатични бомбончиња - знаете дека ќе треба да ги извадите, ако сте ги ставиле во друг сад кој е постелен со фолијата, тогаш извадете, одстранете ја фолијата и сечете на форми кои ги сакате вие.
- Многу се вкусни доколку ги истите и чоколадирате... тој спој на вкусови е одличен, можете пред самото послужување да ги извалкајте ги во кристал шеќер, штосно и така, но овие мора и за кратко време да со консумираат бидејки тие се со влажна структура и многу бргу ќе се стопи шекерот.

- Моите дечки рекоа дека многу им се допаднале и биле како прави гумени бомбони и немаше време да се чоколадираат, се изедоа додека се свртиш оти нели се пофалија на другарчињата кои исто така со сласт ги изедоа.
- Ова се слатките закачки на Јоли... ги правев досега 2-3 пати од прошлата сезона, но никако да напишам рецепт овде...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани