Од состојките за тесто се замесува меко тесто, се покрива и се остава еден час на топло.

Колбасите се пржат.

Власецот и магдоносот ситно се сечкаат. Ако користите кромид, малку запржете го или изрендајте го. Се ставаат во киселото млеко заедно со јајцата и зачините и убаво се мешаат.

Врз намрсена тава 20х30 со влажни раце се распоредува тестото. Врз него се редат колбасите и се преливаат со смесата.

Се печи на 190С околу 40на минути.
10на минути пред крај се посипува со рендан кашкавал.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови