Ова е стар рецепт за колачи, кои моите деца ги обожаваат и затоа дома ги има многу често.
Во сад го ставаме маслото и белото чоколадо искршено на коцки.
Садот го ставаме врз друг сад во кој врие вода и со постојано мешање го топиме чоколадото. Кога ќе почне да се топи го додаваме еурокремот и повторно мешаме, се` додека не се добие еднолична бела смеса. Вадиме на страна и оставаме околу 15 минути да се олади, па ги додаваме оревите и лешниците.
Повторно мешаме.
Бидејќи на смесата и треба долго време додека се здрви и не може да се обликува со рака, најдобро е со мала лажица да ставате во хартиени корпиња. Се оставаат убаво да се изладат (барем 2-3 часа пред да се послужат).
Од оваа мера излегуваат околу триесетина колачи.

Декорацијата може да биде по ваш избор, а мојот овој пат беше со чоколадиран ориз.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови