- На тивок оган ставете го еурокремот да се стопи, додадете ја искршената на помали парчиња чоколада (слободно можете да ставите 100 гр. чоколада за готвење и 100 гр. млечна чоколада) ,, нека се стопи и бркајте да се соедини со еурокремот. Тргнете од огнот, додадете ги јаткастите состојки, разбркајте.
Кога веќе се е добро споено останува на вас да одлучите дали ке ставите во модла за тоблероне, друга модла, или нај едноставно со лажица ставајте во корпињата и тоа големина која ќе ја изберете вие, декорирајте како сакате вие, дали ќе залиете со глазура, дали ќе шарате, дали ке посипете со трошки.. ваш е изборот.
Напомена
Еурокремот и чоколадата ги топам во сад над пареа.
Наместо кикирики можете да ставите лешници ... варијации полно . Кај мене има ореви, малку кикирики и лешник... трпи рецептот мешавина на јаткасти состојки но притоа да се запази количината.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани