Во сад ги матиме јајцата со шеќерот и путерот (собна температура ), ги додаваме брашното и квасецот а потоа и кафето и се убаво мешаме да нема грутки.
Смесата ја ставаме во сад за печење. Јас претходно си ставив и хартија за полесно да излезе и печеме на 180 степени околу 35 минути.
Многу лесно и брзо за подготовка со состојки кои ги имаме дома во секое време.

Јас декорирав со 2 лажици чоколаден крем и декоративни зрнца во боја.
Се служи откако ќе се олади.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови