Овие вкусни енергетски бомбици, се чист хедонизам! Прекрасна комбинација на есенски вкусови, кои секој залак ќе ви го направат вистинско задоволство и уживање!

1. Јаболките се лупат и се рендаат. Потоа во тавче на оган се става кокосовот масло или путерот да се стопи и се динстаат јаболките. Динтајте ги на среден оган околу 10тина мин., односно додека да омекнат и се направат како густа каша.
Оставете ги да се изладат малце.
2. Во блендер / сецко, се ставаат урмите и оревите и кратко се блендираат, се додаваат динстаните јаболки и циметот и повторно кратко блендираме.
3. Од смесата се формираат бомбици, кои можете да ги оставите чисти или пак да ги валкате/наросите во какао, потоа да се валкаат во рендано чоколадо, кокос, бадеми, ореви ... по избор.

Прекрасниот спој на вкусови, нема да ве остави рамнодушни.

Ова е одлична хроно ужинка, која верувам дека на сите ќе им се допадне!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови