Еве од мене еден рецепт за многу вкусен, посен колач.
Во брашното додадете го прашокот за пециво, ванилата и шеќерот и промешајте.
Потоа додадете го циметот, оревите, мармаладот, маслото и водата. Се' заедно промешајте да се изденачи, да се добие убава смеса.
Смесата ставете ја во плех претходно обложен со хартија за печење, врз смесата нарендајте ги јаболката на крупната страна на рендето и печете на 180 степени 35-40 минути.
Откога ќе се испече колачот посипете го со шеќер во прав (по желба).
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови